Поврзете се со нас

Европски првенства

Јончевски: Промашивме многу отворени шутеви…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе четвртиот пораз во петтиот квалификациски натпревар со што дефинитивно ги загубивме сите шанси за пласман на Евробаскетот.

Одигравме две различни полувремиња во Талин, прво во кое бевме за поен подобри од Естонија и второ во кое не го задржавме ритамот, бевме надиграни и на крај загубивме со дури 19 разлика (84:65).

Селекторот Александар Јончевски во својата прва анализа за овој натпревар посочи дека не реализираните отворени шутеви биле клучни за поразот.

-Имавме добро прво полувреме. Реализиравме се што трениравме. Бевме добри во одбраната и ја контролиравме играта. Во второто полувреме промашивме многу отворени шутеви, еден реализиран од четиринаесет обиди. Некои од играчите имаа навистина отворени шутеви, но кога не реализирате против тим како Естонија, кој со поддршка и од трибините многу лесно не казни. Ние мораме да продолжиме понатаму и да се бориме за пласман на наредното првенство, -рече Јончевски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни