Европски првенства
Младинците добија тешка група, Станиќ порачува: Нема да ги разочараме фудбалските фанови

Младинската фудбалска репрезентација до 21 година денеска беше дел од ждрепката која се одржа во седиштето на УЕФА, па од Нион пристигна информација дека нашите надежи ќе бидат во квалификациска група со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија.
Извлекувањето посака Македонија да се најде во групата Е, па мора да се признае дека три од петте ривали ќе бидат нависитна сериозни.
Квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2027-ма година ќе стартува во месец март и ќе трае до ноември 2026-та година, а главниот турнир ќе се игра во Албанија и Србија.
– Извлековме тешка група, покрај фаворитот Италија, од вториот и третиот шешир ги добивме најтешките противници Полска и Шведска. Во нашата група уште се и Црна Гора и Ерменија, репрезентации кои не се нималку наивни.
– Мора да размислуваме позитивно и да бидеме оптимисти. Претходно нагласив дека максимално верувам во оваа генерација. Можеме и имаме квалитет да и парираме на секоја репрезентација. Наредниот период се до почетокот на квалификациите во септември, треба да го искористиме на најдобар можен начин за да се подготвиме најдобро што можеме и самоуверено и храбро да го дочекаме почетокот на претстојните квалифкации.
– Важно е фудбалерите да веруваат во своите квалитети, да бидат максимално фокусирани на претстојните предизвици, а другото ќе дојде на свое место. Одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар, верувам дека нема да ги разочараме нашите фанови и љубителите на фудбалот во Македонија, – изјави новиот селектор на младинскиот тим, Горан Станиќ.
-
Репрезентација22 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства22 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Светски првенства13 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства10 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
АТП13 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација21 час
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства12 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!