Поврзете се со нас

Ватерполо

Гранадос го реши финалето со спектакуларна шрауба, прва европска ватерполо титула за Шпанија (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LENaquatics

Шпанија издоминира против Хрватска во последната четвртина во финалето на Европското првенство во ватерполо и стигна до својата прва титула во историјата на ова натпреварување.

Домашната репрезентација влезе во последниот период со резултат 10:8, но Шпанците одиграа фантастично во одбрана, а на спротивната страна постигнаа три гола за целосен пресврт и со победа 11:10 во финалето.

Гранадос го постигна голот за победа со атрактивна шрауба на 49 секунди до крајот, а овој гол сигурно ќе влезе во историјата како еден од најатрактивните погодоци со кои е решено некое големо финале во ватерполо спортот.

Гранадос и Санухија со по три гола биле најдобри реализатори за шпанската селекција во финалето, додека Букиќ ги предводел Хрватите со четири погодоци.

Шпанија со освојувањето на ЕП си обезбеди и директен пласман на ОИ во Париз, додека претходно во битката за третото место, Италија ја победи Унгарија со убедливи 12:7.

Србија ја совлада Романија за петтото место, а Грците славеа над Црногорците за конечно седмо место на европскиот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни