Поврзете се со нас

Фед куп

Македонија со најголем скок во БЏК купот на новата ранг листа

Објавено

на

Foto: FB/Македонски тенис Makedonski tennis

Женската тениска репрезентација на Македонија забележа најголем скок на последното рангирање на ранг листата на репрезентациите кои се натпреваруваат во Били Џин Кинг Kупот.

Нашата селекција има скок од 23 места и сега се наоѓа на 49. место во светот што е и најдобар ранг. Покрај Македонија и Киргистан има скок од 23 места и се наоѓа на 75.та позиција.

Добрите игри и резултатите во Вилнус го донесоа овој пласман со вкупно 373 поени. Разликата меѓу Македонија и Грузија која е пред нас на ранг листата е минимална односно само половина поен – Грузија има 375,50 поени.

Воедно нашата репрезентација е рангирана како 30. во Евро-африканската зона притоа првите 30 репрезентации сите се од Европа.

На првите пет места се Канада, Чешка, Италија, Австралија и САД.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни