Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ повторно меѓу најдобрите во ВТБ лигата (ФОТО)

Објавено

на

Foto:instagram.com/unicsbasket

Ненад Димитријевиќ со неговиот Уникс Казањ успешно ја мина четвртфиналната рунда во ВТБ лигата и сега го очекува полуфиналето со Локомотив Кубањ.

Се сели на Апенините: Димитријевиќ се договорил со италијански великан

Пред тие средби беше објавена најдобрата петорка од четвртфиналната фаза, друштво во кое имаше место за македонскиот репрезентативец.

Плејмејкерот имаше учинок од 12,3 поени, 3,7 скока и 10 асистенции против Самара што беше доволно да добие уште едно признание, да биде дел од групата во која се Морис Ндур, Амат Мбаје од ЦСКА, соиграчот Луис Лабери и Винс Хантер од Зенит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни