Поврзете се со нас

Англија

Кин повторно го „поздрави“ Халанд: Се однесува како разгалено дете

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерлинг Халанд веќе истакна дека не го интересираат коментарите, односно критиките на Рој Кин за неговите актуелни настапи, а Ирецот не го поштеди и по вчерашната победа на Сити над Вулверхемптон.

Халанд беше незадоволен откако беше повлечен од игра во завршницата, иако претходно веќе постигна четири гола и ја потврди победата на својата екипа.

– Го видовме Халанд вчера како се однесува како размазено дете откако беше повлечен од игра.

– Дури и фактот што постигнал четири гола не е оправдување да се однесува на таков начин, – посочил Кин во студиото на „Скај Спортс“.

Претходно, Кин влезе во вербален дуел со напаѓачот на Сити откако оцени дека игра како фудбалер од Лига 2 (четврта англиска лига).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни