Поврзете се со нас

Балкан

Просинечки: Се зборува дека Шукер е скржав, дека јас сум пијаница и дека Бобан е хомосексуалец……

Објавено

на

Роберт Просинечки како добро познато име од овие простори беше специјален гостин во викенд програмата на „Спорт Клуб“, а разговорот во популарната емисија го искористи за да испорача доста интересни изјави.

Незаборавниот играч за врска во моментов е селектор на Црна Гора и тесно соработува со Савиќевиќ кој е претседател на црногорската Федерација, но најголемо внимание привлече со изјавата која ја даде за тројца други соиграчи.

Балканската јавност често знае да извлекува заклучоци за теми кои не се целосно добро испитани, па Просинечки мораше да одговара дали има нарушен однос со Давор Шукер, а истовремено да открива дали првиот човек на хрватскиот сојуз е и скржав како човек.

– Јас имам коректен онос со Давор и никогаш не сум имал проблем со него. Не сме се дружеле многу и во времето кога бевме соиграчи, па така не се дружиме ниту сега. Сепак, кога ќе се видиме, се поздравуваме и ако треба пиеме и кафе. Кога некој важен човек ќе дојде на функција, поготово кога си претседател на еден сојуз, се измислуваат секакви приказни и доаѓа до критики.

– Давор во принцип е добар рчовек, ние како луѓе често знаеме многу работи да испревртиме. Се зборува дека јас многу пијам, а всушност Роберт не пие. Се зборува дека Бобан е хомосексуалец, а јас добро знам дека не е така. Се зборува дека Шукер е скржав и дека не може да се извлече ништо од него, но не е така. Се зборуваат многу неточни работи, има луѓе кои сакаат само да зборуваат, – порача Просинечки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни