Поврзете се со нас

Македонија

Важна вест за Вардар: „Црвено-црните“ го задржаа „Џомба“ (Фото)

Објавено

на

Вардар фати убав залет во завршиот дел од сезоната и ја направи битката за титулата доста понеизвесна, а целта на најтрофејниот клуб е да се изгради тим кој ќе биде уште поконкурентен веќе следната сезона.

За да се оствари такво нешто, доста важно ќе биде да се задржат играчи кои имаат големо искуство, па повеќе од јасно еден таков во тимот е Гоце Георгиевски.

Вардар денеска со големо задоволство обелодени дека популарниот „Џомба“ го продолжил договорот за уште една година, се со цел да продолжи да решета од десната крилна позиција, но да биде и голема поддршка за младите соиграчи.

– Знаеме колку значи искуството што го има во себе Гоце, и среќни сме што прифати да биде уште една сезона дел од Вардар. Неговото искуство ќе биде од големо значење за играчите кои доаѓаат на сцената и кои се повеќе се наметнуваат.

– Тој е расположен, освен што ќе игра, сака да го пренесе и своето искуство на помладите колеги. Вардар е веќе стабилизиран, сериозен и нашите амбции секогаш се победа и титули. Гоце е се уште гладен за победи, исто како и Вардар. Целта е заедно да чекориме кон нови победи, – изјави Борко Ристовски како извршен директор на Вардар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни