Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен побрз од двоецот на Ферари, ќе стартува прв и на главната трка во Мајами

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Макс Ферстапен продолжи со своите доминантни изданија на патеката во Мајами, па така вечерва стигна до хет-трик пред утрешната главна неделна трка во Америка.

По освоената пол-позиција за спринтот и победата на спринт трката која се возеше попладнево, Холанѓанецот беше најдобар и во квалифкациите, остварувајќи подобро време од Шарл Леклер.

Возачот на Ферари повторно беше најблиску до актуелниот шампион, но Ферстапен беше за нијанса подобар и се избори за прво стартно место на утрешната трка во Мајами.

Без никаков сомнеж, Макс ќе биде апсолутен фаворит за победата на главната трка, додека интересно ќе биде да се види каква стратегија ќе имаат возачите на Ферари.

Леклер ќе биде во првиот стартен ред со Ферстапен, трет ќе стартува Карлос Саинц, а меѓу првите 10 се најдоа Чеко Перез, Ландо Норис, Оскар Пјастри, Џорџ Расел, Луис Хамилтон, Нико Хулкенберг и Јуки Цунода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни