Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ со тежок пораз од Суботица се прости од сонот наречен „АБА лига“

Објавено

на

МЗТ Скопје претрпе тесен пораз од Суботица на домашен терен и најави дека ќе даде максимум на гостувањето во Србија, но македонскиот првак денеска претрпе тежок пораз во второто полуфинале и остана без сонот наречен „АБА лига“.

Во завршниот плејоф во АБА 2 лигата, најдобриот македонски тим за жал се покажа во најлошо светло на најважниот меч во сезоната, па поразот од 34 поени разлика е најдобра илустрација за тоа што се случуваше на теренот.

МЗТ убедливо загуби со 98:64 и стави крај на надежите за враќање во регионалната кошаркарска елита, па така и наредната сезона ќе биде дел од второто по ранг АБА натпреварување.

Македонскиот претставник одигра катастрофална одбрана во текот на целиот меч и остана без енергија во второто полувреме, па уште во раната фаза на овој дел беше јасно дека поразот е неизбежен.

Конечните 98:64 оставаат една лоша слика за коректната сезона која ја имаше МЗТ во втората АБА лига, па сега јасно е дека единствен фокус на „металците“ ќе биде одбрана на титулата во домашното првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни