Поврзете се со нас

НБА

Кливленд со пресврт во вториот дел закажа плејоф пресметка со Бостон

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/cavs

Кливленд имаше негатива од 18 поени во првото полувреме на дуелот со Орландо, но направи целосен пресврт во продолжението и ја доби мајсторката со резултат 106:94.

Кавс го добија дуелот од првата рунда на НБА плејофот со 4:3 и изборија соочување со големиот фаворит Бостон, екипата која имаше најдобар скор во регуларниот дел од сезоната.

Мичел повторно беше лидер во редовите на Кливленд и го заврши натпреварот со 39 поени, 9 скокови и 5 асистенции, додека ЛеВерт го заврши натпреварот со 15 поени.

Кај поразениот тим, Банкеро стигна до 38 поени и 16 скокови, но тоа не беше доволно за Меџик да спречи елиминација на гостински терен.

Бостон одамна ја заврши серијата со Мајами (4:1) и сега го очекува Кливленд во серија во која ќе ја има улогата на голем фаворит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни