Поврзете се со нас

Германија

Тухел не исклучува останување во Баерн: Договорот може да се промени

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Баерн Минхен се најде во невообичаена ситуација откако не успеа да убеди неколку докажани тренерски имиња да ја преземат функцијата од следната сезона, па опцијата за останување на Томас Тухел добива се поголема поддршка и меѓу фановите.

Настапите во Лигата на шампионите беа клучни за Тухел да ја поврати довербата кај голем број навивачи на германскиот великан, тие активираа и петиција за негово останување, а сега и самиот тренер не сакал да исклучи таква опција.

– Се работи за договор кој го имам со клубот и тој може да биде променет.

– Секој договор може да се промени ако постои желба кај двете страни, исто како што претходно се договоривме да заминам порано од предвиденото.

– Се е возможно, но во моментов договорот кој е активен е дека заминувам, – рекол Тухел чија екипа не успеа да ја одбрани титулата во Бундеслигата.

Во обидот да обезбеди наследник на актуелниот тренер, Баерн не успеа да ги договори Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Ралф Рангник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни