Поврзете се со нас

Шпанија

Гути се потсмева со Барселона откако Реал ја завери 36. титула во Ла Лига (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/guty14haz

Хосе Марија Гутиерез имаше критики за Карло Анчелоти поради измените кои ги изврши Италијанецот против Баерн Минхен, но тоа не значи дека легендарниот Гути не се радува на големите успеси кои ги остварува тимот предводен од искусниот Карлето.

Реал Мадрид вчера по 36-ти пат во својата историја стана национален шампион и дополнително ја зголеми предноста пред Барселона на вечната листа, а тоа го натера Гути да им фаќа сеир на каталонците.

По случувањата на последното „Ел Класико“, Жоан Лапорта најави сериозна истрага и не исклучи преигрување на дерби натпреварот, но откако неговиот тим вчера доживеа колапс на гостувањето кај Џирона, стана јасно дека титулата патува во шпанската престолнина.

Реал ја детронизираше Барса која славеше во Ла Лига минатата сезона, а Гути не проушти шанса да ги „пецне“ каталонците, а воедно и првиот човек на клубот.

– Готова е приказната, Хала Мадрид! Имам само еден сомнеж, не знам дали ќе се преигра натпреварот меѓу Џирона и Барселона, – порача Гути во свој стил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни