Поврзете се со нас

Германија

Ројс ја одбележа „петардата“ на Дортмунд, Штутгарт му зема мерка на Баерн (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/BlackYellow

Екипата на Борусија Дортмунд со „петарда“ против Аугзбург (5-1) се загреа за возвратниот меч против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

Иако Терзиќ ги „измеша картите“ домаќините одиграа одличен меч во кој главна ѕвезда беше Ројс за кого вчера беше обелоденето дека си заминува по крајот на актуелнава сезона.

Ројс директно учествуваше во три погодоци, стрелаше во 34 минута, а асистираше при погодоците на Нмеча и Мукоко. Останатите погодоци беа дело на Мален и Мукоко кој беше двоен стрелец.

Баерн Минхен пак доживеа пораз од Штутгарт од 3-1 и со тоа си ги загрози второто место во Бундеслигата.

По првиот дел резултатот беше 1-1, резултат кој беше активен се до самата завршница кога Штугарт пронајде начин двапати да го матира Нојер за 21 сезонско славје.

Сега Баерн има само два бода повеќе од денешниот ривал.

Останати резултати:

Волфзбург-Дармштад 3-0

Вердер-Борусија М. 2-2

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни