Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров за ждрепката за баражот: Очекувам неизвесен двомеч со незгоден противник

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација ќе се соочи со Фарските Острови во баражот за пласман на СП 2025, а селекторот Кире Лазаров уште во првата изјава потврди дека не е задоволен од ждрепката.

Нашата селекција доби еден од понезгодните можни ривали во решавачкиот двомеч за место на мундијалот, па Лазаров вели дека не е најсреќен со исходот.

– Добивме квалитетен противник кој со квалитетот на играта направи проблеми на сериозни европски селекции на последното Европското првенство.

– Имаат огромен напредок во сите ракометни категории во последните три-четири години. Се работи за неатрактивна ракометна национална селекција, но многу квалитетна.

– Имаме време добро да се подготвиме за бараж натпреварот. Очекувам неизвесен дуел на двата натпревари, имаме подеднакви шанси за пласман на СП 2025, – изјави Лазаров по ждрепката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни