Поврзете се со нас

Балкан

Трајковски: Најважно е што победивме, мило ми е што играм заедно со Перишиќ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hnkhajduk

Александар Трајковски повторно доби шанса од првата минута за Хајдук и одново стрелаше, овојпат во пресметката со Славен Белупо во која гостите се изборија за славје од 1-0.

Со ова Хајдук ја прекина лошата серија на резултати, момент кој е доста важен како за клубот како и за самиот Трајковски кој влегува во голгетерски ритам во финишот на кампањата.

-Овде секогаш имаме тешки натпревари, теренот е тежок, а противник како противник. Во првото полувреме доминиравме, имавме шанси да поведеме со два-три разлика, но не успеавме, но на крајот важно е што зедовме три бода и продолжуваме понатаму.

-Да втора во низа. Беше слична ситуација како и против Осиек. Се надевам дека ќе продолжиме и на следните натпревари, имаме одлична конекција со Брекало. Можеби следниот пат јас ќе му наместам гол, -рече Трајковски и додаде:

-Веќе реков, ако ги искористивме шансите што ги имавме, можевме да водиме со 2-0 или 3-0. Не успеавме. Знаевме дека ќе притиснат повеќе во вториот дел, ќе направат поголем притисок, но се држевме и имавме шанси во кои не дадовме гол. На крајот освоивме три бода, одиме дома и размислуваме за следниот натпревар. Драго ми е што Перишиќ се враќа по повредата, се наметнува.

-Навистина уживам да играм со него. Се надевам дека во следниот натпревар ќе игра уште повеќе, -заклучи македонскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни