Поврзете се со нас

Англија

Сунес со жесток напад на сметка на Салах: Најсебичен фудбалер кој сум го видел

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Конфликтот меѓу Јирген Клоп и Мохамед Салах на дуелот меѓу Вест Хем и Ливерпул и натаму предизвикува реакции кај стручните коментари, а во пресрет на новите премиерлигашки натпревари стигна коментарот и на Греем Сунес.

Клупската легенда на „црвените“ воопшто не е задоволен од однесувањето на египетскиот фудбалер, па тоа го потенцирал и во последното подкаст гостување.

– Салах е најсебичниот фудбалер кој сум го видел. Дури и пред ова, секогаш кога Клоп ќе го повлечеше од игра, тој беше незадоволен.

– Очигледно е дека се цени многу себеси и беше лут зошто добил мала минутажа против Вест Хем, Салах е поодговорен за она што се случи на теренот. Мислам дека Мо ќе го напушти Ливерпул, беше одличен на „Енфилд“, но ако замине во Саудиска Арабија, ќе биде најголема ѕвезда во тој дел од светот, рекол Сунес, кој смета дека Салах „исчезнувал“ на важните натпревари.

– Кога станува тешко и кога врз него некој стартува поцврсто, Салах исчезнува од натпреварот. Минатата сезона тоа се случи на „Олд Трафорд“, по дуелот со Лисандро Мартинез, – вели поранешниот фудбалер на Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни