Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски: Барселона е најголемиот клуб на светот, горд сум…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски од 2022 година е дел од шпанскиот великан Барселона, клуб во кој се пресели од Баерн Минхен каде пак беше успешен скоро една деценија.

Неговото доаѓање во Барселона за многумина беше изненадување со оглед на тоа што имаше се што посакува во Минхен, супер партии, титули со клубот, односно реши да ризикува со оглед на каталонците минуваат низ еден транзиционен период во кој финансиите се доста голем проблем и многу се користи школата, популарната Ла Масија за да се остане конкурентен.

Меѓутоа ветеранот одлично се снајде, се наметна како лидер и веќе ја проби бројката од 50 погодоци за составот од „Камп Ноу“.

-Ме прави многу горд што постигнувам толку многу голови за клуб како Барселона, знаете за година и пол. Кога размислувам за моите цели и времето што го поминав во Барса, се чувствувам многу горд. Секој од овие голови има посебно значење за мене и привилегија е да давам голови за овој клуб.

-Морам да кажам дека никогаш не размислував за бројот на голови што ќе ги постигнам. Но, ако ги видите овие бројки, леле, тоа се 50 гола за Барса за една година. Секогаш може да биде подобро, но тоа се веќе многу добри бројки, но мислам дека можам да постигнам повеќе.

-Многу значи да се биде играч на Барса, понекогаш е тешко да се најде вистинскиот збор, но знаете, тоа е гордост, среќа. Посебно е да се биде овде и да се биде напаѓач на ваков клуб поради неговата историја. Кога луѓето зборуваат за овој клуб, разбирате дека тој е најголемиот клуб во светот и тоа што сум дел од него ме прави подобар, ми дава повеќе. енергија за напорна работа и нешто посебно, -порача Полјакот кој со тимот се подготвува за каталонското дерби со Џирона кое воедно е меч за втората позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни