Поврзете се со нас

Италија

Ултрасите нема да навиваат за Милан на мечот против Џенова

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан има лоша завршница на сезонава, доживеа елиминација од Рома во Лига Европа (два порази) и освои само два бода на последните три средби во Серија А.

Овие изданија дополнително ги разочараа навивачите кои и така имаа одредени забелешки, замерки за тоа што се случуваше во текот на кампањата, па најверните, најжестоките навивачи се одлучија за протест и испратија порака дека нема да навиваат на средбата со Џенова закажана за в недела од 18 часот.

-Во недела против Џенова, Курва Суд Милан и АИМЦ нема да поставуваат транспаренти или да веат знамиња и ќе се воздржат од секаков вид поддршка

-Го покануваме остатокот од публиката да се приклучи на протестот чија единствена цел е да го поттикне клубот да продолжи со политиката на вложување започната минатото лето, избирајќи тренер кој знае како да го мотивира тимот и да ги валоризира младите играчи, правејќи соодветни потписи за покривање на улогите кои останаа изложени оваа сезона.

-Донесувањето одлуки и имиња не зависи од нас, но клубот мора да испрати силен сигнал дека сака да го засили проектот започнат минатото лето. Секогаш со Милан во нашите срца, -порачаа навивачите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни