Поврзете се со нас

Германија

Алонсо: Одигравме интелегентно и зрело, ама…

Објавено

на

foto:twitter.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен ја доби битката со Рома на „Олимпико“ и со тоа се стави во одлична позиција да избори пласман во големото финале на Лига Европа.

Бундеслигашот триумфираше со 2-0 со погодоците на германските репрезентативеци Вирц и Андрих во 28 и 73 минута.

-Се боревме силно и дисциплинирано, но има уште многу работа. Игравме добро во контра-напад, и иако можеби не ги искористивме максимално сите шанси што ги имавме да постигнеме трет гол, сепак сме задоволни. Се надевам дека ќе славиме заедно со нашите навивачи во реваншот, -рече тренерот Чаби Алонсо.

-Ова беше фокусиран настап со интелигенција и зрелост. Рома имаше свои шанси, потоа воведниот гол ни даде поголема самодоверба, ја направивме вистинската работа со и без топката. Се чувствувавме стабилни во второто полувреме и малку и дозволивме на Рома, знаејќи дека ако останеме цврсти и дисциплинирани позади, секогаш можеме да ги создаваме нашите шанси, -додаде Шпанецот кој проговори за серијата од 47 средби без пораз и можноста за тројна круна.

-Неверојатна серија. Одличен менталит на тимот, постојаното ниво на концентрација, но не сакаме да застанеме сега. Треба да продолжиме до крајот на сезоната. Блиску сме до тројната круна, -подвлече предводникот на „фармацевтите“.

Реваншот на „Бај Арена“ е закажан за 9 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни