Поврзете се со нас

Англија

Сензационална најава: Тен Хаг нема долго да остане без работа ако заработи отказ од Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг не ги задоволи очекувањата на најстраствените навивачите на Манчестер Јунајтед и најголем дел од нив сметаат дека тој не е доволно добар за нивниот тим, а резултатите кои ги остварува Холанѓанецот не му носат поени и кај новото раководство.

ИНЕОС со кој газдарува Сер Џим Ретклиф ќе биде задолжен за спортскиот проект на Јунајтед од самиот старт на летниот преоден рок, период кој се очекува да биде стартуван со една клучна одлука.

Ретклиф и новите директори на Јунајтед ќе треба да одлучат што ќе прават со Тен Хаг, кој дури и да заработи отказ од новиот косопственик, по се изгледа нема да чека долго на нова работа.

Сензационалните вести кои пристигнуваат од Холандија велат дека Ајакс подготвува интересен потег за ова лето, односно планира да го врати тренерот со кој оствари огромни успеси пред две години.

Великанот од Амстердам има ужасна сезона и ќе има многу промени претстојновот лето, а најголемата може да биде враќање на човекот кој ужива голема почит во холандската престолнина, но кој се почесто служи за потсмев во Манчестер и околината.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни