Поврзете се со нас

Репрезентација

Фудбалерките до 19 години ја добија и Литванија

Објавено

на

foto: ffm.mk

Женската фудбалска репрезентација до 19 години издвојува победа и над Литванија (2-0) на квалификацискиот турнир од втората рунда од Б лигата што се одржува во Молдавија.

Во првото коло избраничките на Астрит Мерко беа убедливи во пресметката со домаќинот на турнирот (4-0), додека пак денеска беше надиграна Литванија со головите на Катерина Петкова во 26 и 77 минута.

Нареден ривал ни е селекцијата на Велс која има исто 6 бода во оваа група, но послаба гол разлика од македонските фудбалерки (5-0).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни