Поврзете се со нас

АТП

Качин вечно ќе го памети сувенирот од Надал: Ова беше сон за мене (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Педро Качин го прикажа својот најдобар тенис на „Маноло Сантана“ стадионот во Мадрид и успеа да го предизвика својот идол, но Рафаел Надал имаше доволно енергија да одигра три часа и да ја запише третата победа во период од неколку дена.

Повратникот на АТП турот се пласираше во осминафиналето и денеска вечер ќе игра против Лехечка, а победата од 2:1 над Качин ќе остане запаметена и по симпатичната сцена која ја режираа двајцата кога се поздравуваа.

Аргентинецот не ја криеше возбудата што игра против својот идол од детството и побара некаков сувенир од Рафа, по што Шпанецот се покажа како голем џентлмен и му подари своја персонализирана маичка.

Потегот на Рафа е уште еден доказ за неговата големина, а најрадосен од истиот остсана самиот Качин кој му посвети и објава на социјалните мрежи на својот омилен тенисер.

– Ти благодарам Рафаел Надал. Ова беше сон. Погледнете колку е убава…., – порача Качин за маичката која ја доби од Рафа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни