Поврзете се со нас

АТП

Качин си побара сувенир од Надал веднаш по поразот во Мадрид, Рафа покажа голема класа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Рафаел Надал покажа дека е голем борец и издржа три часа на теренот во ситуација кога не е на најоптимално и посакувано физичко ниво, а победата над Педро Качин донесе и една симпатична сцена по крајот на мечот.

Аргентинскиот тенисер го изнамачи миленикот на домашната публика и на крајот загуби со 6:1, 6:7 и 6:3, па по точно три часа и четири минути игра, тргна да се ракува со „кралот на земјата“.

Качин кој во минатото има откриено дека идол од неговото детство е токму Рафа, денеска си го оствари својот животен сон и заигра против Надал на „Маноло Сантана“ стадионот во Мадрид, а откако го направи тоа, си побара и сувенир на мрежата.

– Ти благодарам за се, денеска си го исполнив сонот. Може ли да добијам твоја маичка, твој пешкир или било што друго?, – порача Качин на мрежа, а Надал возврати.

– Да, сега веднаш ќе ти дадам. Ти посакувам многу среќа во се, – му возврати Рафа, кој веднаш отиде до својот стол и потоа се упати кон Качин за да му подари своја персонализирана маичка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни