Поврзете се со нас

Италија

Шампионската парада на Интер донесе и брутална провокација за најдобриот играч на Милан (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter_en

Интер ја освои титулата во Серија А пред неколку дена и ја прокнижи јубилејната 20-ка во домашното првенство, но за вистинската прослава се чекаше до вчера попладне.

Планот беше Интер да го почне славјето со победа над Торино и потоа истото да се префрли на улиците, бидејќи во агендата беше закажана шампионска парада низ улиците во Милано.

Играчите на Интер го прославија 20-то Скудето онака како што доликува, но за време на фештата не беа избегнати провокации за лутиот градски ривал.

Ако Хакан Чалханоглу беше посебно на удар кога Милан ја освои титулата пред две години, сега мета на потсмев беше Тео Ернандес, фудбалерот кој беше исклучен на последното дерби.

Левиот бек беше најдобар и најстандарден играч на Милан оваа сезона, но навивачите на Интер го прикажаа како куче кое е водено од Дензел Дамфрис. За ситуацијата да биде повпечатлива, самиот Дамфрис го подигна банерот кој го подготвија навивачите на Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни