Поврзете се со нас

Италија

Дамфрис ќе биде казнет за гестот на прославата на Интер (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/Inter_en

Интер ја славеше титулата во италијанскиот шампионат, а ваквите настани често знаат да донесат работи кои надминуваат граници и токму тоа се случи со дефанзивецот Дензел Дамфрис.

Холанѓанецот се заборави, претера и зема банер на кој тој беше претставен како газда кој држи куче на ланец со тоа што на фотографијата ликот на кучето беше покриен со Тео Ернандес од Милан.

Шампионската парада на Интер донесе и брутална провокација за најдобриот играч на Милан (Видео)

Токму овој навредлив банер ќе му донесе казна на Дензел или барем така највуваат италијанските медиуми кои посочуваат дека ФИГС ќе отвори истрага и играчот ќе биде парично санкциониран.

Се очекува тој да биде олеснет за сума меѓу 4000 и 5000 евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни