Поврзете се со нас

Шпанија

Тер Штеген направи аматерски кикс, Дуро му го расипа јубилејот на Германецот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона поведе против Валенсија на „Монжуик“ со голот на Фермин во 22-та минута, а кога се чинеше дека каталонците полека влегуваа во посакувана контрола на натпреварот, следеше голема и несекојдневна грешка од Марк Андре Тер Штеген.

Германскиот чувар на мрежата е капитен на Барса и денеска стана вториот странец со најмногу настапи во историјата на клубот, но оваа вечер нема да ја памети баш по добро индивидуално издание.

Тер Штеген направи страшен кикс во 27-та минута и му дозволи на Уго Дуро да постигне лесен гол, па Валенсија брзо се врати во игра благодарение на противничкиот голман.

Германецот го запиша 408-от настап за Барса и пред него на вечната листа од странските играчи е само недопирливиот Лео Меси, но дефинитивно натпреварот со Валенсија ќе му носи и лоши спомени.

Тер Штеген реши да дрибла на недозволено место за еден голман, па топката му ја намести на Дуро кој ја имаше најлесната задача да ја погоди празната мрежа.

Видеото погледнете го ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни