Поврзете се со нас

НБА

Непријатно дежа-ви за Лејкерс: Јокиќ диригираше, Мареј ги испрати Леброн и Дејвис на предвремен летен одмор во последниот напад (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Денвер втора година по ред се покажува како џелат за Лос Анџелес Лејкерс во НБА плејофот, па ако минатата сезона ги почести со „метла“, овојпат „езерџиите“ покажаа многу повеќе борба, но добија само еден меч.

Нагетси рано утрово ја искористија втората „меч топка“ и ја решија серијата која беше доста возбудлива, па така со конечни 4:1 се пласираше во следната плејоф рунда, а ги испрати Лејкерси на предвремен летен одмор и со многу сомнежи околу иднината на неколку играчи.

Никола Јокиќ повторно диригираше на паркетот и го делеше само една асистенција од трипл-дабл, но вистински кошмар за гостите повторно беше Џамал Мареј кој погоди за победа во последниот напад на Денвер.

Идентично како на вториот меч, Мареј имаше мирна рака во последниот напад и погоди од полудистанца за 108:106, а потоа Лејкерс немаше доволно време за организиран напад и почна големото славје во „Бол арената“.

Со завршните поени, Мареј стигна до 30 на натпреварот и повторно прерасна во јунак за победничкиот тим, додека Јокиќ го заврши мечот со 25 поени, 20 скокови и 9 асистенции. Леброн Џејмс запиша 30 поени, 9 скокови и 11 асистенции, додека Дејвис уфрли 17 поени во последниот меч за Лејкерс оваа сезона.

На останатите два меча, Оклахома по четврти пат во низа славеше над Њу Орлеанс (89:97) и испорача „метла“, додека Бостон направи брејк и стигна до предност од 3:1 во пресметките со Мајами (88:102).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни