Поврзете се со нас

Англија

Артета со порака за фановите на Арсенал: Не знам кога, но на крајот ќе стигнеме до титулата

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Арсенал мораше да прави пресврт, но на крајот го победи Евертон, што се покажа како недоволно за освојување на толку посакуваната титула во Премиер лигата.

На крајот, „топчиите“ повторно останаа зад Манчестер Сити на конечната табела, а менаџерот Микел Артета ќе мора да сочека барем уште една сезона пред да го прекине долгиот пост на Арсенал во домашното првенство.

Во денешното обраќање кон фановите, шпанскиот стручњак ветил фокусиранот на остварување на главната амбиција и нејзина реализација.

– Сега е време да одмориме и да размислуваме, а вие продолжете да не притискате и инспирирате. Не треба да бидете задоволни од ова, бидејќи сакаме многу повеќе и ќе дојдеме до тоа.

– Ако правиме тоа што треба да правиме, ќе бидеме уште поблиску и на крајот ќе ја освоиме титулата. Не знам кога ќе се случи тоа, но сигурен сум дека ќе успееме.

– Во минатото со 89 поени би ја освоиле лигата, но денеска тоа не е доволно, – рекол Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни