Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за статусот на Крос и Модриќ: Ќе разговараме по финалето на ЛШ

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Лука Модриќ и Тони Крос веќе со години се дел од шпанскиот великан Реал Мадрид, период во кој има значаен придонес во освојување на многу трофеи како во домашните така и во меѓународните натпреаврувања.

Двајцата денеска се многу искусни и се во завршницата на кариерите, ама и понатаму имаат важна улога во Реал, па дефинитивно прашањето за нивната иднина носи интерес со оглед на тоа што договорите им истекуваат на крајот на наредниот месец.

-Тоа сега е во втор план. За иднината ќе зборуваме по финалето на Лигата на шампионите, -рече тренерот Карло Анчелоти кој говореше за Хрватот.

-Покрај тоа што е врвен играч, еден од најдобрите во светот, тој е и фантастична личност. Никогаш не сме имале проблеми меѓу себе, ниту пак ќе имаме некогаш. Се почитуваме, -истакна Италијанецот.

Реал до крајот на сезоната ќе игра со Вилјареа и Бетис во Примера, но и со Борусија Дортмунд во финалето на ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни