Поврзете се со нас

Италија

Самарџиќ режираше неверојатна драма во дербито за опстанок во Серија А (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Udinese_1896

Удинезе и Емполи одиграа неверојатно драматично дерби во битката за опстанок во Серија А, со тоа што главен актер во финишот од средбата во Удин беше Лазар Самарџиќ.

Српскиот фудбалер најпрво беше невнимателен и направи прекршок по кој Емполи доби пенал, па така гостите беа тие кои први зададоа удар и поведоа во 90-та минута.

Нианг беше прецизен и во тој момент Емполи избегна од опасната зона, но длабоко во судиското продолжение се врати под цртата, бидејќи пенал доби и Удинезе.

По навистина долга проверка, главниот судија Гуида процени дека имало недозволено влечење во 98-та минута, па така Удинезе доби најстрога казна, а трагичарот Самарџиќ ја презема одговорноста.

Србинот погоди за 1:1 и донесе огромен бод за Удинезе, кој може да значи и опстанок пред последното коло во домашното првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни