Поврзете се со нас

Италија

Дамфрис не дозволи победа за препородениот Лацио на „Џузепе Меаца“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Лацио се препороди под водство на Игор Тудор и беше на прагот да забележи нова голема победа, но сепак такво нешто не дозволи Дамфрис кој беше највисок во скокот во 87-та минута.

Гостите од Рим значително ја подигнаа формата по пристигнувањето на Хрватот и Лацио веќе постави добра база за следната сезона, а доказ за тоа добивме и денеска на „Џузепе Меаца“.

Лацио брзо постигна гол преку Кастелјанос и ја начна мрежата на новиот шампион, но овој погодок беше поништен поради офсајд и на семафорот остана почетниот резултат.

Сепак, второто тресење на мрежата која ја брани Зомер донесе предност за гостите, а стрелец на погодокот беше Камада со одличен удар со лева нога од дистанца.

По погодокот на гостите, Интер без многу залагање се обидуваше да избегне пораз и да запише нов бод во домашното првенство, па иако немаше преголем мотив за такво нешто, на крајот успеа во намерата.

Центаршутот на Алексис Санчез во 87-та минута заврши на главата на Дамфрид, а овој со одмерен удар го матираше Проведел и ги постави конечните 1:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни