Поврзете се со нас

Англија

Ѕвезда на Ливерпул се „скрши“ на прошталниот чин за Клоп: Немам плачено со години, тој ми го промени животот! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Прошталната церемонија во чест на Јирген Клоп расплака голем број фанови на Ливерпул, а рамнодушни не останаа и дел од претставниците на стручниот штаб, како и играчите од првиот тим.

Мора да се признае дека Јирген извонредно се носеше со емоциите и успеваше да ги додржи солзите во екстремно емотивното попладне за него, но таков не беше случајот со фудбалерот кој почна како момче, а кое сега се претвори во маж под водство на Германецот.

Десниот бек Трент Александер Арнолд беше најпогоден од заминување на омилениот менаџер, па англискиот репрезентативец ги пушти солзиите и не ги криеше емоциите во себе.

Камерата во неколку наврати го улови Трент како плаче за време на свечената церемонија која ја организираше клубот на теренот, па на крајот даваше и изјава.

– Клоп го промени мојот живот, направи моите соништа да станат реалност. Да бидам искрен, немам плачено со години…….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни