Поврзете се со нас

Свет

Уште еден турски великан „загриза“ за Мурињо: Веќе ги договоривме економските детали

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Фенербахче го стави Жозе Мурињо во својата претседателска кампања и Азиз Јилдирим вети дека ќе го донесе „специјалниот“ доколку добие доверба за мандат, но ова не е единствениот турски великан кој остварил контакт со Мурињо.

Бешикташ исто така затропал на вратата на Португалецот и веќе иницирал почетни преговори, а тоа го потврди потпретседателот на клубот кој најави дека планот е да имаат директна средба во Италија.

Мурињо остане без работа по отказот кој го заработи од Рома и експресно најави дека е подготвен за нов предизвик, но како што стојат работите, неговата иднина е тесно поврзана за Турција.

– Го контактиравме Мурињо уште пред еден месец и тој топли ја пречека нашата понуда. Веќе ги решивме економските детали и следната седмица планирано е да одиме во Италија и директно да се сретнеме со него.

– Ако постигнеме договор со Мурињо, ќе му препорачаме да го вклучи Рикардо Кварезма во неговиот стручен штаб, – вели Хусеин Јучел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни