Поврзете се со нас

АБА лига

Нанели проговори за инцидентот со Лазаревиќ: Немав друг избор, има јасни видео докази…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Џејмс Нанели се најде во фокусот на вниманието пред третиот финален меч меѓу Партизан и Црвена Звезда во АБА лигата и тоа поради конфликтот со противничкиот играч Стефан Лазаревиќ.

Двајцата имале некое нерасчистени сметки по што дојде и до физичка пресметка во која Американецот му нанесе повреда на членот на „црвено-белите“. Потоа Звезда се јави со соопштение и бараше санкција за Џејмс од властите и од АБА лигата, па излезе и одредена снимка на која се гледа конфликтот што на крајот резултираше Нанели да биде изоставен од вчерашниот натпревар кој Партизан го загуби и остана без пехарот во регионалното натпреварување.

Голем инцидент во Србија: Нанели се „исклучил“ и нокаутирал играч на Црвена Звезда (ФОТО)

Се појави видео од безбедносната камера: Познато како Нанели му задал тежок удар на Лазаревиќ

Искусниот ас не се огласуваше се до денеска каде преку социјалните мрежи го кажа својот дел од приказната.

-Јас сум тој што сум, не тој што мислиш дека сум, не тој што сакаш да бидам, јас сум јас. До кликбејт уметниците, не нападнав никого, ве молам престанете да го оцрнувате моето име.

-Измислување и манипулација воопшто не беа потребни во оваа ситуација, бидејќи има јасни видео докази кои откриваат дека морав да се заштитам од агресивна личност. Откако се обидов да ја смирам ситуацијата, бев буквално притиснат со грбот до ѕид, додека гледав како тупаница лета кон мене. Немав друг избор освен да се одвојам од него и да возвратам. Не чувствувам омраза, се надевам дека е добро.

-Секоја приказна за мене што не вклучува дека сум чесно човечко суштество не може да биде вистинита и нема да биде прифатена. Никогаш нема да бидам совршен и не се стремам да бидам, само учам од моите грешки додека се држам себеси одговорен за да станам подобар од грешките од минатото.

-Не сум расист, да знаат сите оние кои тврдат дека сум, додека ме нарекуваат црн мајмун и ми испраќаат банани (ги сакам во смути, иако не се мој омилен избор). Ништо од тоа нема да го промени моето мислење за големите луѓе од Србија со кои изградив однос во времето што го минав во оваа земја. Толкувајте го ова како сакате, само знајте дека вашето мислење за мене не ги менува мислењата на оние кои навистина ме познаваат и ме сакаат, -порача Американецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни