Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Затворање на еден перфектен круг: Начевски и Николов ќе го судат финалето во ЛШ

Објавено

на

Најдобрите македонски судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски го дочекаа приматот кој досега не им беше овозможен од водечките луѓе на Европската Федерација, па така на претстојниот фајнал-фор во Лигата на шампионите ќе го затворат таканаречениот перфектен круг за кој може да сонуваат многу арбитри.

ЕХФ денеска ги делегираше судиите за завршницата во најелитното европско натпреварување, а Начевски и Николов ја добија најодоговорната задача, односно ќе го судат големото финале во ЛШ.

Македонските судии беа главни арбитри на големите финалиња на Европско и Светско првенство, беа одговорни за делења на правда и на финале на Олимписки игри, но сега за првпат ќе судат и финале во Лигата на шампионите.

Мечот кој ќе одлучи каде ќе замине европскиот трофеј оваа година ќе се одигра на 9-ти јуни во „Ланксес арена“, а според пропозициите, натпеварот ќе почне во 18:00 часот.

Еден ден порано, на Ф4 викендот ќе се одиграат полуфиналињата, со тоа што мечот меѓу Магдебург и Алборт ќе го судат сестрите Шарлот и Џули Бонавентура, а дербито меѓу Барселона и Кил им припадна на португалските браќа Даниел и Роберт Акото.

„Малото финале“ кое ќе се одигра во недела ќе го судат унгарските судии Адам Биро и Оливер Кис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни