Поврзете се со нас

Македонија

Куп финалето решено на пенали, Алкалоид го победи Еурофарм за прв трофеј во клупската историја

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Ракометарите на Алкалоид испишаа клупска историја со освојување на првиот трофеј, односно триумфот во македонскиот ракометен Куп.

Избраниците на Кире Лазаров вечерва на драматичен начин и преку пенали го совладаа Еурофарм Пелистер (25:23), на натпревар каде Галевски повторно имаше клучен ефект во редовите на Алкалоид.

Голманот на скопскиот клуб бранеше одлично во текот на средбата, но и во пенал рулетот, во кој битолчани не реализираа три пати и на тој начин беше најавено големото славје на Алкалоид.

Натпреварот почна со подобра игра на Алкалоид и водство од 7:3, но Еурофарм Пелистер фати приклучок и се чинеше дека ќе ја преземе контролата на крајот на првото и почетокот на второто полувреме. Пелистерци водеа на паузата со 11:10, во одреден дел на второто полувреме беа во позитива, но Алкалоид повторно ја презема контролата, па тимот од Битола бркаше израмнување во финишот и успеа да дојде до него преку реализиран пенал во последните секунди.

Симоноски со 5 гола беше најефикасен во редовите на победничката екипа, додека кај Еурофарм Пелистер, репрезентативците Пешевски и Кузмановски стигна до 7, односно 6 погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни