Поврзете се со нас

Македонија

Лазаров по првиот трофеј за Алкалоид: Горд сум на самодовербата и пожртвуваноста на екипата

Објавено

на

Кире Лазаров го одведе тимот на Алкалоид до прв голем трофеј во клупската историја, а тој успех беше остварен по денешната победа над Еурофарм Пелистер во финалето на македонскиот ракометен Куп.

Скопскиот тим го освои првиот пехар во кратката клупска историја по жестока битка со битолчани, а Лазаров по натпреварот имаше и прв коментар за она што се случуваше во финалето.

– Сакам да им честитам на противниците за фер и коректната борба, победивме екстра квалитетна екипа со одлични поединци и колектив.

– Ние бевме аутсајдери, но чувствував дека екипата е полна со самодоверба и со форма во нагорна линија, екипа која во секој момент знае што треба да направи. Горд сум на пожртвуваноста и самодовербата и начинот на игра со кои ги победивме Вардар и Еурофарм, не беше лесно, но заслуживме со квалитетни настапи да направиме изненадување на овој турнир.

– Нашите деца напредуваат, но јас сум претпазлив, не дека не е реално, но сметам дека не сме доволно созреани како тим да стигнеме до ваков успех. Работа на стручниот штаб ќе биде следната сезона да ги призејмиме играчите, за да не им влијае негативно овој трофеј, – истакна Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни