Поврзете се со нас

Германија

Во Борусија самоуверени по испраќањето на Ројс: Имаме добро претчувство за „Вембли“

Објавено

на

Foto:x.com/BVB

Марко Ројс доживеа величествено попладне на „Сигнал Идуна парк“ и беше испратен со сите почести од страна на навивачите на Борусија Дортмунд, бидејќи вчера капитенот го одигра својот последен натпревар на домашен терен.

Ројс испорача магичен гол и една асистенци и доби заслужен шпалир од соиграчите кога го напушти теренот, но емоциите посебно распламнаа кога беше означен крај на мечот.

Марко се качи на трибината и заедно со „жолтиот ѕид“ се погрижи за незаборавни сцени, а на заминување, остави порака со која откри дека сите 80 илјади фанови на стадионот ќе испијат пиво на негова сметка.

Незаборавните сцени сигурно ќе останат уште долго во сеќавање, но во Борусија се надеваат дека може да доживеат уште поневеројатни моменти за две недели на „Вембли“.

– Тоа беше збогување како што доликува за играч од ваква категорија. Тој покажа огромна почит, неверојатни емоции и добра игра. Марко постигна гол и заврши со победа, не можеше да замисли подобар крај на домашен терен. Ова беше совршено збогум, но сакаме да го крунисаме и за две недели на „Вембли“. Ова беше последниот чин на домашен терен, но сакаме уште. Имаме добро претчуство пред финалето на „Вембли“ во Лигата на шампиони, – изјави спортскиот директор, Себастијан Кел.

– Никогаш не сум доживеал испраќање од ваков калибар. Сите соиграчи бевме решени да му го разубавиме попладнето, а тој постигна и гол. Достоинствено ја завршивме сезоната во Бундеслигата, сега максимално ќе ги искористиме следните две недели за да пристигнеме на „Вембли“ во најдобра форма, – порача Јулијан Брандт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни