Поврзете се со нас

Свет

Репрезентативецот Хап пред преселба во тим од Евролигата

Објавено

на

foto:twitter.com/GranCanariaCB

Македонскиот репрезентативец, Итан Хап е на добар пат да ја промени клупската средина, но ќе остане во Шпанија.

Центарот ја мина актуелнава сезона во Гран Канарија, но истата ќе биде последна ако се потврдат информациите дека тој се договорил со Валенсија.

Тој имал понуда да остане во сегашната средина, меѓутоа Валенсија е попривлечна дестинација за него и би требало да потпише двегодишен договор. Валенсија е тим кој редовно игра во европските купови, пред се во Евролигата каде во наредната сезона би можеле да имаме тројца претставници со оглед на тоа што таму ќе биде и Ти-Џеј Шортс, а тоа е опција и за Ненад Димитријевиќ за кога веќе имаше вести дека се договорил со Олимпија Милано.

Хап во кампањата реализираше по 12,4 поени, 5,4 скока, 2,2 асистенции и 1,2 украдени топки во АЦБ лигата и 9,6 поени, 5,9 скока и 2,1 асистенции во Еврокупот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни