Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ ја доби првата драма со Пелистер и поведе во финалната серија

Објавено

на

Првата финална битка во македонската кошарка донесе голема драма во „Јане Сандански“, но МЗТ Скопје успеа да го одбрани домашниот терен и поведе со 1:0 во серијата.

Актуелниот бранител на титулата беше за нијанса подобар во текот на целиот меч и на крајот заслужено стигна до предност во финалната серија, пред се поради фактот што „металците“ беа посмирени и посталожени во клучните моменти од натпреварот.

МЗТ диктираше, имаше двоцифрена предност во втората четвртина и на полувреме замина со резултат 50:40, но Пелистер не се откажа и се погрижи за голема неизвесност во вториот дел.

Не само што се вратија, гостите дури и поведоа на средина на третата четвртина, но тоа траеше кратко, бидејќи домаќините повторно додадоа гас и продолжија да го диктираат ритамот.

Натпреварот влезе во неизвесна завршница и во последните 10 минути најчесто се играше кош за кош, но МЗТ сепак одигра подобра одбрана во завршницата и на крајот славеше со 82:77 за предност од 1:0.

Тимската игра на МЗТ дојде до израз и дури четворица играчи беа двоцифрени, додека за гостите мала утеха е тоа што Планиниќ и Костоски беа најефикасни со 19 и 16 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни