Поврзете се со нас

Германија

Нојер за приказната Тухел и Баерн: Можеше да продолжи, но…

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер даде свој коментар за заминувањето на Томас Тухел од кормилото на германскиот великан.

Тухел пред неколку месеци седна на маса со раководството и беше донесена одлука двете страни да се разделат по крајот на сезоната, но откако клубот се мачеше и се уште се мачи со пронаоѓање на наследник се појавија информации дека стратегот можеби ќе остане на „Алијанц Арена“.

Наводно и играчите тоа го посакувале, разговарале и убедувале тоа да го направи, па Нојер како лидер ја кажа вистината на оваа тема.

-Не, не можете тоа да го кажете. Се разговара секој ден…Информациите беа сосема погрешни. Томас и јас не бевме кај тренерот. Презадоволен сум од начинот на кој работеше со нас. Мислев и дека може да продолжи. Ама не е во наши раце да кажеме ништо за Томас Тухел и неговиот тренерски тим. Сè што можам да кажам е дека вложија се во тоа и ги направија вистинските подготовки за соодветните натпревари.

-Во основа, верувам дека нешто порасна заедно меѓу тимот и тренерскиот тим по првиот натпревар против Лацио. Мислам дека имавме позитивна енергија во тимот и добро ќе функционираше во новата сезона. Во основа, одлуката ја донесе клубот и тренерскиот тим, -порача искусниот голмам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни