Поврзете се со нас

Свет

Ристовска и ЦСКА ја добија првата финална битка со Ростов

Објавено

на

foto: x.com/whccska

Сара Ристовска со ЦСКА Москва забележа победа над Ростов од 28:26 во првиот натпревар од финалната серија во рускиот шампионат.

ЦСКА беше гостин на овој дуел и затоа овој триумф е уште позначаен со оглед на тоа што актуелниот шампион следниот меч го игра пред своите гледачи.

Двете екипи поделија по едно полувреме, но клубот од Москва беше подобар, поуспешен во „своите 30 минути“ кои ги реализираше со 15:10.

Македонската репрезентативка беше на теренот скоро 50 минути и даде еден гол од два обиди. Вториот дуел е закажан за 24 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни