Поврзете се со нас

АБА лига

Обрадовиќ не доживеал вакво кошаркарско фијаско точно 25 години

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Партизан ја започна финалната серија против Црвена Звезда како бранител на титулата во АБА лигата, но тимот од Хумска целосно потфрли во завршната кошаркарска епизода и доби „метла“ од вечниот ривал.

По двете победи на домашен терен, Звезда славеше и вчера во „Штарк арената“, па така со конечни 3:0 дочекавме експресен крај на серијата која сите ја најавуваа како тесна и максимално неизвесна.

Наместо тоа, добивме потврда дека Звезда навистина почна да ужива на натпреварите со Партизан од стартот на годината, па ова беше шеста победа во низа против големиот градски ривал.

Катастрофалното светло во кое се приркажа Партизан направи клубот да остане без регионалниот трофеј, но јасно е дека претстојново лето ќе има големи промени во тимот, особено и поради фактот што тренерот Жељко Обрадовиќ не доживеал вакво фијаско цели 25 години.

Обрадовиќ последен пат не победил на ниту еден финален плејоф натпревар од далечната 1999-та година, кога како млад стручњак го водел тимот на Бенетон од Тревизо.

Жељко сигурно ќе има многу тешка работа во месеците кои претстојат, а единствена позитивна порака од него по вчерашниот пораз беше онаа поврзана за Евролигата.

– Не сум загрижен од дилемата која се појави во јавноста. Сигурен сум дека Партизан ќе биде дел од Евролигата и наредната сезона. Сигурен сум дека челниците на елитното европско натпреварување ќе донесе одлука која Партизан ја заслужува по сите параметри, – изјави Обрадовиќ, алудирајќи на вајлд-картата која ја доделува Евролигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни