Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи залудно ја победи Струга, Шкендија го освои второто место и обезбеди европски фудбал

Објавено

на

Струга ја прослави новата титула во Првата македонска фудбалска лига уште минатата недела, кога бранителот на титулата во директното дерби ја победи Шкендија и на гостински терен стигна до ново големо славје.

Стружани емотивно се задоволија и денеска без многу мотиви излегоа на терен против Шкупи, а тоа им овозможи на гостите од Скопје да победат со 1:2 и да ја завршат сезоната со триумф.

Последното коло од Првата македонска фудбалска лига донесе борба само за второто место, а истото на крајот го освои Шкендија која денеска успеа да победи против Работнички со 0:2.

Тетовските „црвено-црни“ со тоа ја одбранија предноста пред Шкупи, со која си го обезбедија второто место кое инаку гарантира квалификации во Европа претстојново лето.

Во долниот дел од табелата, работата беше јасна уште минатото коло, па така Брегалница се прости со реми, Македонија запиша нов пораз, додека Вардар со реми од 2:2 против Тиквеш се загреа за баражот за опстанок во Првата лига (противник ќе биде Детонит).

Резултати последно коло:

Брера – Македонија ЃП 5:3
Брегалница – Силекс 1:1
Работнички – Шкендија 0:2
Струга – Шкупи 1:2
Вардар – Тиквеш 2:2
Воска – Гостивар 1:1

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни