Поврзете се со нас

Англија

Ван Дајк искрено: Промената знае да биде страшна…

Објавено

на

Ливерпул со вчерашниот меч против Вулверхемптон заокружи една ера, ера на Јирген Клоп кој скоро една деценија го водеше составот од „Енфилд Роуд“.

Германецот се збогуваше на достоинствен начин, победнички, збогуваше во кое имаше доста емоции, а меѓу оние кои најтешко го прифатија ова беше дефанзивецот, Вирџил Ван Дајк.

Холанѓанецот е свесен што значи заминувањето на Клоп, но е подготвен да помогне приказната и понатаму да биде успешна под водство на неговито сонародник, Арне Слот.

Ливерпул го официјализираше наследникот на Клоп, ќе почне со работа во јули!

-Можам само да видам што има таму [соблекувалната] и како се однесуваме цела сезона. Има толку многу простор за напредок, толку многу простор за развој. Веќе се радувам на следната сезона. Промената понекогаш е малку страшна бидејќи сте во непознатото, но единственото нешто што можете да направите е да му верувате на клубот. Јас сум многу љубопитен и имам многу прашања. Премиер лигата и Ливерпул се очигледно различна игра со топка, но ние сме тука за него [Слот].

-Ќе бидам тука за него, што и да му треба. Сето тоа е да се држиме заедно и да му дадеме шанса да покаже за што е способен со другите момци кои ќе влезат.

-Сите знаат дека нашите очекувања се секогаш огромни и се работи за тоа да го менаџираме на вистински начин и да го извлечеме максимумот од сите наши играчи. Започнува со добар одмор, а потоа ќе бидеме подготвени да одиме повторно, -порача Вирџил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни