Поврзете се со нас

Свет

Расположениот Митревски му овозможи сигурна победа на Порто

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Никола Митревски продолжува да брани на највисоко ниво во најзначајната фаза во португалскиот шампионат, борбата за пехарот каде Порто е без грешка, поточно има „пет од пет“.

Последното славје беше остварено над Брага од 34:25, триумф во кој нашиот Митревски имаше фантастичен процент на одбранети удари.

Никола имаше 11 интервенции или поточно 46 проценти (11/24) со што имаше значајна улога во позитивниот резултат кој дефинитивно е загревање за најважниот меч, мечот да се биде или не со Спортинг закажан за 25 мај.

Спортинг ја разби Бенфика како гостин со 41:32. Филип Талески за домаќините постигна еден погодок. Со вкупно 46 бода Спортинг е прв, Порто е на втората позиција со 44 поени.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни