Поврзете се со нас

Атлетика

Ивановски со триумф во Скопје го потврди учеството на ЛОИ во Париз

Објавено

на

Дарио Ивановски, олимписки стипендист на МОК и наша гордост, во 8-то издание на трката СКОПЈЕ ТРЧА и во својот 8-ми настап, постигна нова победа (трка на 10.000 метри), со што го потврди своето место и учество на Олимписките игри ПАРИЗ 2024.
Овој резултат е потврда за одличната форма во која се наоѓа Дарио, кој секако има уште доста резерви во себе за да го подобри својот најдобар резултат.
Пехарот за оваа победа, како еден вид на симболика за она што нé очекува ова лето, му беше врачен од страна на Претседателот на МОК, Даниел Димевски.
Дарио Ивановски со помош на МОК, а предводен од својот тренер Игор Јакимовски, го подготвува своето најдобро да го прикаже за време на ОИ ПАРИЗ 2024, на 10 Август 2024 година, кога е атлетската трка во маратон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни