Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ за најважната одлука која ќе треба да ја донесе наредниот месец: Ќе морам да размислам (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/nuggets

Никола Јокиќ не можеше да пронајде рецепт за цврстата одбрана на Минесота во второто полувреме и мораше да гледа како „волците“ прават неверојатен пресврт во Денвер, кам-бек со кој актуелниот шампион остана без шанса да ја брани титулата во НБА лигата.

Нагетси ја загубија „мајсторката“ на домашен терен и мораа да се помират со елиминација, а во дадениот случај не помогнаа ниту 34-те поени и 19-те скокови кои ги забележа Србинот.

Јокиќ на овој начин предвреме оди на одмор и доста порано ќе го планира враќањето во Србија, но во овој момент се уште нема донесено никаква одлука за најважното прашање кое ќе го прогонува во почетната фаза на летниот период.

Српските кошаркарски фанови со нетрпение го чекаат враќањето на Јокиќ во репрезентацијата, меѓутоа тој не е ни блиску до носење на одлука за настап на Олимписките игри во Париз.

– Навистина не знам, ќе видиме…. Ќе морам да размислам за тоа, – изјави Јокиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни