Поврзете се со нас

Европски првенства

Спалети остана без една опција за претстојното ЕП 2024

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Лучијано Спалети ќе ја предводи Италија како актуелен шампион на претстојното Европско првенство, а селекторот на „азурите“ се уште има неколку дилеми во однос на конечниот состав за овој престижен турнир.

Последните вести од Англија велат дека Спалети останал без една опција, односно без Николо Ѕаниоло, кој заработи повреда на последното соочување на Астон Вила со Ливерпул.

Иако Ѕаниоло настапи само 14 минути на оваа средба, заработил повреда поради која мора да паузира одреден период и нема да биде подготвен за настап на ЕП во Германија.

Најавената пауза за повредата на стопалото е околу еден месец, па Спалети според сите очекувања нема да ризикува со Ѕаниоло и ќе повика друг фудбалер на неговото место.

За италијанскиот фудбалер ова е уште еден малерозен момент, бидејќи го пропушти и претходното ЕП поради сериозна повреда на лигаментите, а неговите колеги триумфираа во финалето на „Вембли“ под водство на Роберто Манчини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни